10.8 C
Скопје
06:19 - 8 мај, 2024

Рамбо Амадеус: Да не е коронавирусот, никогаш немаше да сфатиме каков вид е човечкиот род

Црногорскиот музичар Рамбо Амадеус на својт официјален Фејсбук профил објави статус со кој многумина би можеле да се сложат, а се однесува за коронавирусот.

Контроверзниот музичар објави две слики од Венеција, каде водата во последните денови е толку прочистена што се гледаат и рибите во каналите, па поради ова Рамбо констатираше дека природата очигледно одлично се снаоѓа без нас.

„Да не е коронавирусот, веројатно никогаш немаше да сфатиме колку всушност сме инвазивна врста како човечки род и колку малку и е потребно на природата за да стане подобра без нас. Се надевам дека оваа криза ќе делува воспитно на човечкиот род, односно дека ќе бидеме што помалку сурови кога ќе сфатиме дека природата ни пушти едно од најмалите суштества и појави од својот богат арсенал – само за целосно да не притегне“, пишува музичарот.

„Погледнете како таа се снаоѓа без нас. Без хорди луѓе, глисери, крузери, инвазии од луѓе кои доаѓаат да им се восихитуваат на убавината, истовремено уништувајќи ја. Ако некогаш во животот сум имал некое религозно чувство – тоа дефинитивно е сега, додека гледам како водата во каналите е прочистена за помалку од еден месец. Всушност сега природата е таа која има карактеристики на нешто боженствено и дефинитивно таа заслужува боженствен третман од нас, а не обратно“, додава Амадеус во својата објава.

Слични објави

(Видео) Запомнете го ова име, Марија Спасовска: Има „Минато“ што ветува блескава иднина

еспресо

Колку чини Евровизија: „Солени“ цени се во игра

еспресо

(Фото) Катарина Ивановска го покажа новиот дечко: Манекенката уживаше со него во Италија

Еспресо

„Игра како стриптизерка, како да…“: Српскиот пејач жестоко удри по Теа Таировиќ

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ направи добро дело, па сега мора да оди на суд поради тоа!

Еспресо

Петар Грашо го коментираше доаѓањето на новороденчето: „Нè радува што гледаме колку луѓе се радуваат со нас“

Еспресо
Се вчитува....