23:41 - 19 декември, 2025

Потрагата по актерката конечно заврши – Одлучено е кој ќе ја глуми Витни Хјустон во филмот за нејзиниот живот

По потрагата низ целиот свет конечно е избрана актерката која ќе ја отелотвори пејачката Витни Хјустон во биографскиот филм „I Wanna Dance with Somebody”. Станува збор за британската актерка Наоми Еки.

Таа предизвика внимание со улогата во филмот „Star Wars: The Rise of the Skywalker”.

Филмот ќе започне да го режира Стела Меги врз основа на сценариото кое го напиша Ентони Макартен, кој го напиша и сценариото за филмот „Bohemian Rhapsody”, филмот за групата „Queen“.

„Потрошивме поголем дел од изминатата година во потрага по актерката која ќе ја одигра легендарната Витни Хјустон. Наоми Еки не импресионираше во секој дел од тој процес. Бев длабоко допрена од нејзината способност да ја истакне појавата на бината на оваа светска икона истовремено внесувајќи и хуманост во нејзиниот внатрешен живот“, изјави режисерката Стела Меги.

Витни Хјустон во текот на својата кариера освои шест Греми награди и продаде повеќе од 200 милиони плочи ширум светот. Таа се проба и како актерка, и тоа во 1992 година во хит филмот „Bodyguard”, за кој отпеа и шест песни, вклучувајќи го и големиот хит „I Will Always Love You”. Почина во 2012 година на 48 години.

Пет Хјустон, поранешната менаџерка на Витни Хјустон, ќе биде една од продуцентките на филмот. А со тоа е потврдено и дека во филмот ќе се користат оригиналните песни кои ги отпеа Витни.

Музичкиот продуцент Клај Дејвис, кој исто така ќе биде еден од продуцентите на филмот, изјави дека го полазиле морници кога ги видел пробните снимки од Наоми Еки, а бидејќи гласот на Витни Хјустон беше навистина уникатен, при пеењето во филмот ќе се користи токму нејзиниот глас, а не на актерката.

Според планираното, филмот „I Wanna Dance with Somebody“ ќе се појави во кината во ноември 2021 година.

Слични објави

Ова се двете работи кои Здравко Чолиќ ги сака пред настап

E.A.

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на новото момче: Објави фотографија и најави соочување – „Првпат очи в очи“

E.A.

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо

(Фото) Сопругата на Милош Биковиќ сподели бајковита сцена: Синот Василиј ужива во новогодишната магија во домот

Еспресо
Се вчитува....