20:38 - 28 ноември, 2026

„Нема да те сакам вечно…“: Јована Јеремиќ се пофали со подарокот што го доби од саканиот за Денот на вљубените

Српската водителка Јована Јеремиќ не крие колку е вљубена во својот 14 години постар партнер, бизнисменот Драган Станковиќ.

Тие денеска го слават нивниот прв Ден на вљубените, а тој се потрудил овој ден да ѝ биде незаборавен.

Со објава на својот инстаграм-профил, водителката се пофали со подарокот кој очигледно го добила од партнерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)


Имено, таа добила златна роза, а покрај розата има и скапи очила за сонце. На златната роза стои порака која гласи: „Знај, нема да те сакам вечно, но не се лути, бидејќи ништо не трае вечно. Ќе те сакам само мал дел од вечноста, додека ми трае животот“.

„Љубов моја, 14.2.2024. Душа на ветрот, ќерка на месечината, љубов сама, што врескаш во оваа тишина, зачувувајќи го чувството на осаменост“, напиша Јеремиќ на својот инстаграм-профил, како одговор на романтичната порака што ја добила од саканиот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)


Пред неколку дена, водителката откри дека не ѝ треба подарок од Драган, туку дека ѝ е важно да бидат заедно, но очигледно подарокот не изостанал.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....