17.8 C
Скопје
09:58 - 29 април, 2024

(Фото) Јелена Спенџарска доби букет рози за Денот на вљубените: Ова е мојата најздрава врска досега

Денеска се слави Св. Валентин, ден посветен на љубовта и приврзаноста помеѓу интимните партнери.

По тој повод, водителката Јелена Спенџарска му посвети емотивна објава на својот партнер, во која раскажа колку е благодарна за својот партнер и дека ова ѝ е најубавата љубовна врска досега.

„Никогаш претходно не сум била во вака здрава и функционална врска како оваа, мора да признаам. Едно време дури се прашував дали некогаш воопшто ќе најдам човек со кој ќе поставиме цврсто тло и од таму заедно ќе градиме и заедно ќе растеме. Знам во какво време живеам, свесна сум дека лагата и неверството станаа секојдневие, а не го сакав тоа за себе, па затоа и скоро да изгубив надеж, сигурна сум дека многу од вас сте во ист таков страв како мене. Целосно ве разбирам. И после, како гром од ведро небо ми се појави овој човек, во време кога единствено што ме интересираше беше што ќе јадам и дали ќе имам добра слика за објавување. Интерес за дечко – нула.

Фото: Инстаграм/Јелена Спенџарска

И да ја скратам приказната, зашто после тоа веќе знаете. Еве сум дома во Солун, среде февруари, пишувам текст во пижами додека пијам кафе од мојата омилена чаша со две пчели на која пишува ‘Greek Lovers’ и не знам како да го скратам зашто имам тоооолку многу да кажам, онака најискрено, од срце колку оваа врска секој ден ми станува позабавна, поинтересна, колку живот ми дава, колку ме менува како жена.

Фото: Инстаграм/Јелена Спенџарска

Едноставно, тука се чувствувам сигурно, безбедно, разбрано, што и да ми се случува, оваа врска е мојот дом каде сè е во ред, можеш сè да си кажеш без да бидеш погрешно разбран и секој проблем има решение. Овој човек ми носи една таква леснотија, можам да кажам што било без да ми бидат извртени зборовите и нема ни најмалку пасивна агерија. Навистина не верував. Целосна поддршка за сè, сè што ми треба, сè што сакам, доволно е само еднаш да се каже! На почетокот мислев дека е скриена камера ова зашто не ми беше реално, нема да ве лажам, но еве после скоро две години, го живеам овој мој некогашен сон и ми е сосема нормално!

Фото: Инстаграм/Јелена Спенџарска

Не сакам ова да испадне како фалење, туку баш напротив, како инспирација да верувате дека таму некаде постои вистинскиот маж за вас покрај кој ќе се чувствувате како божица иако сте само една обична жена. Да не се задоволувате со малку, со трошки, заборавете на тоа – ‘Ќе го сменам јас, ќе се промени, ќе му дадам уште една шанса’ , не паѓајте во таа дупка. Длабоко во себе секогаш ќе знаете. Животот е краток.

Среќен Ден на вљубените!“

Слични објави

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

еспресо

Велики понеделник: Што не треба да се прави на првиот ден од Страсната недела

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 29 април: Скорпиите да внимаваат на парите, Овенот да започне врска

еспресо

Стиснете заби до празниците: Судбината болно ќе ги погоди овие два хороскопски знаци

еспресо

Мелина тврди дека не ја слушала музиката на Харис Џиновиќ, тој ѝ одбруси: „Гледаше во мене како во споменик!“

еспресо

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо
Се вчитува....