21.8 C
Скопје
17:58 - 20 октомври, 2026

Најпопуларниот женски бенд во светот и официјално се распаѓа

Сега е и официјално: Најпопуларниот женски бенд во светот се распаѓа. Џеси Нелсон ја напушти групата „Little Mix“ по девет години.

Ова го потврдија и девојките од бендот, со соопштение кое е објавено на профилите на социјалните мрежи.

„По одличните заеднички 9 години, Џеси одлучи да ја напушти „Little Mix“. Ова е неверојатно тажен момент за нас, но во целост ја поддржуваме. Многу ја сакаме и се согласуваме дека е важно да го направи тоа што е најдобро за неа и нејзината добросостојба, како и за психичкото здравје“, се наведува во соопштението.

Девојките изјавија дека сега ќе продолжат како трио.

„Знаеме дека многумина ќе бидат вознемирени од овие вести. Ве сакаме и благодарни сме ви на довербата и континуираната поддршка. Се радуваме што ќе ве видиме на турнејата“, наведоа тие.

Веднаш по соопштението на групата, со соопштение се огласи и Џеси, наведувајќи дека со групата направила работи за кои може само да сонува.

„Вистина е дека тоа што сум во бендот во последно време значително влијаеше на моето психичко здравје. Тешко ми е да го поднесам притисокот од тоа што бев во женската група и притисокот дека морам да ги исполнам очекувањата. Во животот доаѓа време кога мораме да се грижиме за себе си, да се направиме себе си среќни и сега е момент да го направам тоа“.

„По многу размислувања, со тешко срце, соопштувам дека ја напуштам групата „Little Mix. Морам да поминам повеќе време со луѓето кои ги сакам, правејќи работи кои ме прават среќна. Подготвена сум да започнам ново поглавје во животот – не сум сигурна како ќе изгледа тоа, но се надевам дека ќе ме поддржите“.

Откако им се заблагодари на фановите, таа упати и посебен поздрав до колешките од групата.

„Најмногу од се сакам да им кажам благодарам на Џејд, Пери и Лејт Ан кои се дел од некои незаборавни спомени. Се надевам дека ќе продолжите да ги исполнувате своите соништа и ќе продолжите да правите музика која луѓето ја сакаат“, заклучи Џеси.

Слични објави

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо

Глумеше од душа и донесе милиони насмевки, а почина заборавен од сите: Пред 23 години нè напушти легендарниот Чкаља

Еспресо

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

(Фото) Маја Шупут уживаше во вечерно излегување со новото момче: „Маса само за нас двајца“

Еспресо

„Жената што ме донесе на свет сè уште се прашува каде згрешила“: Синот на Лила со емотивна порака за мајка си

Еспресо

Крај на едно пријателство — Деси Слава ги прекина сите врски со Азис откако тој ја откажа соработката за нејзиниот концерт

E.A.
Се вчитува....