03:38 - 9 ноември, 2026

На 12 април ќе се случи „We Will Rock You“: Христијан Мицкоски во Еден на Еден (ВИДЕО)

Христијан Мицкоски ќе биде гостин во новата епизода на „Еден на Еден“, во недела од 18.30 на Канал 5 телевизија.

Жаре и Мицкоски ќе изиграат фудбалче, еден на еден, но, тоа не е единствениот предизвик кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати.

Фото: Промо

Интересна изјава даде Мицкоски во моментот кога Жаре и екипата му подготвија музички квиз, погодување на песни. На почетокот на хитот „We Will Rock You“, тој рече: „ Ова ќе се случи на 12 април“.

За крај Жаре го праша дали се слуша со Никола Груевски.

– Кој Никола? Има еден Никола од Кисела вода. Не се слушам со него“, одговори Мицкоски.

Фото: Промо

Дел од муабетите се посветени и на неговото семејство, сопругата и синовите, а раскажа и приказни од тоа како почнал.

– Првиот ден кога отидов на работа, среден, стокмен, шефот ми дава метла и ми вели: Ајде да го изметеш дворот. Денот си го завршив професионално. Метев цел ден“, раскажа Мицкоски за своето прво работно место.

Дел од емисијата која ќе ја гледаме во недела, погледнете во најавата:

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....