7.8 C
Скопје
03:48 - 18 октомври, 2026

Насочете ја енергијата во вистинската насока! Што предизвикува забавување на метаболизмот?

Една од дефинициите за метаболизмот вели дека тоа е процес со кој калориите од храната во нашето тело се претвораат во енергија. Од организмот и од неговата будна состојба зависи колку и како таа енергија ќе ја трошиме.

Секогаш се повикуваме на тоа и велиме дека со стареењето метаболизмот забавува и дека одбраната од дебелеење сѐ повеќе слабее. И тоа е точно.

Метаболизмот се дели на анаболизам, кој подразбира изградба на нови клетки на ткивата во организмот, и катаболизам, кој претставува складирање на енергијата во облик на масти, која на нашето тело му е потребна за нормално функционирање.

А луѓето се делат на оние со брз и на оние со бавен метаболизам. Најважно е да се пронајде баланс, бидејќи и едниот и другиот имаат свои недостатоци. Она што е факт е дека брзиот метаболизам согорува многу повеќе енергија, органите работат со „полна пареа“ и се оштетуваат, а сето тоа води до забрзано стареење.

Што предизвикува забавување на метаболизмот?

– Губењето мускулна маса при што доаѓа до зголемување на количеството масти во организмот.

– Стареењето е природен процес со кој се забавува метаболизмот. На секои десет години брзината на согорување на енергијата се намалува за пет проценти.

– Хипотиреозата е фактички облик на забавено согорување на енергијата. Забележливо е дебелеење.

– Премалку сон. Во будна состојба доаѓа до лачење грелин, кој го зголемува чувството на глад, па телото бара храна. Ноќните оброци ги оптоваруваат органите, а тие тогаш треба да одмораат.

– Неправилна исхрана. Непочитувањето на принципот за правилна исхрана, која се состои од три главни оброци и две ужини, доведува до тоа неадекватниот внес на материи да предизвика неправилно трошење на енергијата.

– Недоволно вода. Дехидрацијата на телото за два отсто го забавува согорувањето на калориите. Испијте барем половина литар вода повеќе и вашиот организам ќе се потруди да ги забрза метаболичките функции.

– Стресот исто така е еден од најчестите предизвикувачи на забавен метаболизам.

НАСОЧЕТЕ ЈА ЕНЕРГИЈАТА ВО ВИСТИНСКАТА НАСОКА!

Како да се разбуди заспаниот метаболизам, кој најчесто е комбинација од нередовно спиење, неправилна исхрана и недвижење?

– Десет минути смеење ја зголемува потребната енергија во најпозитивна смисла (ги вентилира белите дробови, доаѓа до притисок врз цревата, па низ нив се исфрлуваат токсините).

– Консумирајте зелен чај, кафе, лути зачини, грејпфрут, бадеми, цимет и ѓумбир.

– Вежбајте барем половина час во текот на денот. Се вели дека енергијата што се троши на тој начин позитивно влијае на здравјето.

Особено се ефикасни утринските тренинзи.

 

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо
Се вчитува....