09:23 - 8 ноември, 2026

„Ми ги потрошија сите нерви!“: Тончи Хуљиќ откри како се снаоѓа со внуците

Тончи Хуљиќ се појави на отворањето на новото музичко студио „Блокстар“ во Сплит, зад кое стои раперот Грше, а во разговор за медиумите зборуваше за семејството, Евровизија и иднината на групата „Магазин“.

Музичарот низ шега откри дека внуците целосно му го промениле секојдневието.

„Јас веќе немам нерви, сè ми потрошија“, рекол Хуљиќ, алудирајќи на изјавата на неговиот зет Петар Грашо дека децата постојано му ги тестираат нервите.

„Им се восхитувам на нашите жени. Тоа се опасни деца, секоја секунда се во животна опасност. Колку и да ги пазите, доволно е само да се свртите и веќе нешто се случило. Постојано некој плаче“, рекол тој низ смеа.

Сепак, нагласил дека внуците се многу паметни и талентирани, а верува и дека ќе тргнат по музички пат.

Хуљиќ се осврна и на Евровизија, признавајќи дека победничката песна пријатно го изненадила.

„Не очекував да победи поради разните политички доктрини што денес се присутни на Евровизија. Мислам дека другите премногу искомплицираа, а кај неа сè беше спакувано во еден пакет“, изјавил тој.

Според него, денешната Евровизија повеќе не е „романтична приказна“ како порано.

„Сега таму најмногу заработуваат тие што прават фризури, нокти, шминка и трикови. Сè помалку има врска со самото пеење“, додал Хуљиќ.

Зборувајќи за „Магазин“, тој истакнал дека групата продолжува по својот пат, додека денес работи само онолку колку што му носи задоволство.

Слични објави

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova
Се вчитува....