5.8 C
Скопје
01:51 - 4 октомври, 2026

Хороскоп за 27 мај: Близнаците ќе добијат пари од странство, Вагите ќе напредуваат на работа

Овен

За да ги остварите зацртаните цели на работа потребно е да пронајдете начин да ги подобрите односите со колегите. Во љубовта некако сте мрзливи. Мислите дека е доволно само да бидете покрај партнерот.

Бик

Ве очекува вашиот паричен приход од странство. Некој од блиските пријатели ќе ви признае дека е заљубен во вас. Можни се стрес и нервоза пропратени со главоболка.

Близнаци

Ве очекува значително поволен паричен период. Инвестирајте пари во нешто корисно. Партнерот полека започнува да има доверба во вас. Немојте да го изневерите.

Рак

Верувајте во себе. Единствено така ќе постигнете се што сте замислиле. Саканото лице би сакало да му посветите повеќе внимание. Приредете му некое романтично изненадување.

Лав

Започнуваат да се кристализираат многу работи. Ги имате сите карти на маса и знаете како да реагирате. Нема сите да ги прифатат вашите предлози. Задоволни сте со емотивниот статус.

Девица

Доколку сте на раководно место обидете се да ја задржите својата страст под контрола. Партнерот има преголеми очекувања од вас. Обидете се да му објасните дека тоа што го сака не е изводливо.

Вага

Имате добра интуиција. Искористете ја за напредување на деловното поле. Саканото лице ве прави среќни и расположени. Дајте се од себе да го задржите покрај себе.

Скорпија

Конечно ќе ви се исплати се што сте направиле во изминатиов период. Флертувате каде и да тргнете. Уживате во вниманието. Саканото лице може да биде повредено.

Стрелец

Денес ќе имате многу повеќе работа од вообичаено. Постои голема шанса дека ќе морате да останете прекувремено на работа. Слободните ќе стапат во контакт со интересна личност од минатото.

Јарец

Имате одлични идеи. Претставете ги пред колегите и надредените. Посветете му повеќе внимание на саканото лице. Градете го вашиот однос со помош на љубовта.

Водолија

Денес ќе добиете позитивни резултати од својот труд. Уживајте во тоа, бидејки напорно работевте. Ќе ви недостасува внимание, кажете му го тоа на партнерот.

Риби

Амбициозни сте и истрајни. Поради тоа успехот ви е загарантиран. Можен е мал конфликт со партнерот. Не претерувајте со пребрзото донесување на одлуки.

Слични објави

(Фото) Српски таблоид ја „погреба“ Биља Крстиќ, таа потресена се огласи: „Жива сум, срам да ви е!“

Еспресо

Игор Којиќ се жени за згодната Хрватка – во тајност се спрема голема прослава

Еспресо

(Фото) Прооде ќерката на Александра Пријовиќ: Малата Арија храбро чекори, гордата баба сподели фотографии од дома

Еспресо

Пак ли ова ќе ни биде последено: Камиказа реагираше на коментарите пред концертот на „Меморија“

Еспресо

На денешен ден нè напушти Љупка Димитровска — за само два месеца ги загубила сопругот, сестрата и мајката

apostolova

Марина Петровска, велнес-советничка и менторка: Зошто го комплицираме она што може да биде едноставно?

Еспресо
Се вчитува....