01:26 - 7 ноември, 2026

Војче Петрушев од „Маестро“: Жената треба да сфати дека за мажот е најважно хобито

„Вистинска жена треба да сфати дека за еден маж, хобито е можеби најважно од сè. Поважно од сè“, рече познатиот музичар од групата „Маестро“, Војче Петрушев.

Тој гостуваше во емисијата „Нешто конкретно“ каде со својот препознатлив хумор и искреност отвори дебата која предизвика смеење во студиото.

​Зборувајќи за машко-женските односи и слободното време, Војче ја објасни важноста на машките „ритуали“ и хобија. На прашањето на оваа тема, тој со насмевка започна: „Права жена треба да сфати дека за еден маж, хобито е можеби најважно од сè. Поважно од сè.“

​Оваа негова смела изјава веднаш наиде на реакција од водителката Снеже Велков, која во неверување и низ смеа повтори: „Дека хобито е поважно од сè?! Јас ќе станам од емисијава жими мајка…“

​Но, Војче дополнително појасни зошто мажите имаат потреба од своите пасии: „Таму е мирот. Има некој, сакаа да лови риби и таму му е мирот, одмара.“

​Иако во емисијата теоретски ги бранеше машките хобија како врвен приоритет за мир, реалноста на Војче Петрушев изгледа сосема поинаку. Тоа го докажува и преубавата семејна фотографија објавена на неговиот Фејсбук.

Фото/Фејсбук

​На фотографијата, Војче позира во елегантно издание, насмеан и прегрнат со својата сопруга, која изгледа прекрасно во свечен розов фустан. До нив се нивните две дечиња, синот во елегантен бел костим и ќеркичката која во рацете држи плетено мече.

​

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....