23:28 - 28 ноември, 2026

Маск пак ќе го забрани профилот на Твитер на Канје Вест поради кршење на правилата, еве зошто овојпат

Американскиот бизнисмен Илон Маск изјави дека профилот на раперот Канје Вест повторно ќе биде блокиран на Твитер поради уште едно прекршување на правилата за поттикнување насилство. За ова Маск напиша на својот Твитер профил.

„Се трудев да дадам се од себе. Но повторно го прекрши нашето правило против поттикнување насилство. Профилот ќе биде блокиран“, напиша сопственикот на социјалната мрежа.

Претходно, Канје Вест во етерот на програмата InfoWars изјави дека му се допаѓа Адолф Хитлер. Во исто време, тој истакна дека луѓето „треба да престанат да ги осудуваат нацистите“. Тој изрази и чудење од тоа што не може да се каже нешто добро за човекот кој, според него, ги измислил „автопатот“ и „микрофонот“.

Минатиот месец, раперот твитна антисемитски објави кои се сметаа за директна закана за еврејската заедница.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо
Се вчитува....