22:18 - 9 ноември, 2026

Крај на четиригодишната судска битка Пит – Џоли: Еве кој ќе има старателство над децата!

Profimedia

Мачната судска битка, која поранешната холивудска двојка – Анџелина Џоли и Бред Пит ја водеа за старателство над децата, конечно е при крај.

Извор близок до адвокатскиот тим на Бред Пит изјави: „Би било скоро невозможно калифорнискиот суд да го раздели таткото, кој посветено работеше на себе и за добросостојба на децата, особено од близнаците“, објави магазинот „New idea“.

Profimedia

Имајќи го тоа предвид, правниот тим на добро познатиот актер е уверен оптимист дека Пит (56) ќе добие заедничко старателство над близнаците Нокс и Вивиен Маркелин (12), а најверојатно и на неговата постара ќерка Шајло (14).

Адвокатите на славниот актер тврдат дека по агонијата што ја поминал во борбата со Анџелина, и за старателството над децата за кои се грижел – „Бред конечно ќе го почувствува вкусот на победата!“

Што се однесува до постарите, посвоени деца – Пакс (16) и Захара (15), правниот тим верува дека најверојатно ќе им се даде избор од судијата – да одлучат со кој родител сакаат да живеат и дека најверојатно ќе одлучат да живеат со мајката.

Медокс (19), кој јавно беше на страната на мајката за време и по разводот, законски се смета за возрасен и не е дел од спорот.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....