19:00 - 8 ноември, 2026

Канје Вест со бизарен список на правила за сопругата: Не смее да зборува, мора да се облекува како што ќе ѝ каже

Раперот Канје Вест направил нови упатства на својата партнерка Бјанка Ценсори барајќи таа „никогаш да не зборува“, како и низа правила по кои треба да живее.

Ова се однесува на сите аспекти од нејзиниот живот, па дури и на одредени видови намирници што може да ги јаде и што облека може да носи, тврди извор близок до парот за „Дејли мејл“.

Веста доаѓа откако фановите постојано стравуваа дека раперот манипулира со својата нова сопруга.

Изворот вели и дека Бјанка повеќе нема свое мислење и наместо тоа едноставно ги слуша сите наредби на раперот, а тој наводно ја убедувал дека имаат „кралски статус“.

Покрај тоа што мора да молчи, неговата партнерка мора да внимава и што носи, односно не смее да се појавува во јавноста со стајлинг без негово одобрение. Исто така, таа мора редовно да тренира и да ја одржува фигурата, иако самиот Канје тоа не го практикува.

Да потсетиме, раперот неодамна предизвика скандал во Венеција, поради што доби доживотна забрана да се вози на чамецот, на кој го покажа задникот.

Слични објави

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо
Се вчитува....