03:12 - 8 ноември, 2026

Фрлен солзавец на настапот на Горан Бреговиќ: На едно лице му била укажана и лекарска помош

Познатиот музичар Горан Бреговиќ синоќа настапил на фестивалот на пивото во Корча во Албанија. За време на концертот се случил инцидент што предизвикал општ хаос и паника, пренесуваат албанските медиуми.

Имено, на настапот на Горан бил фрлен солзавец, па многумина одлучиле веднаш да го напуштат фестивалот, посочува српски „Телеграф“.

Децата и постарите се упатиле директно кон излезот, додека на едно лице му била укажана и лекарска помош. Откако ситуацијата се смирила, концертот продолжил, а тимот на Бреговиќ, сè уште нема коментар за она што се случило.

Фото: Горан Бреговиќ / EPA/DUMITRU DORU

Повеќе од 200 полицајци биле ангажирани за обезбедување на концертот, од кои повеќето биле околу сцената, додека останатите биле распоредени на главните градски улици. Хотелот во кој престојувал Бреговиќ го чувале и бројни полициски и цивилни сили.

Бројот на посетители бил помал во споредба со претходните четири вечери на фестивалот. Поради безбедносни причини, присутните не можеле да внесат шишиња, како и други предмети, особено метални.

Веста за настапот на Бреговиќ на фестивалот на пивото во Корча во југоисточна Албанија предизвика бран негативни реакции во јавноста во Косово изминатиов период. Имено, била отворена и петиција на Интернет против неговото учество во настанот, но сепак настанот се случил.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....