04:17 - 8 ноември, 2026

Е СЕГА Е ДОСТА: Кралицата Елизабета во контранапад

Кралската палата беше чудно блага кон Меган и Хари, но толеранцијата заврши. 

Меган и Хари се послободни од кога било откако го напуштија британското кралско семејство и се преселија во Соединетите Американски Држави. Можеби и премногу слободни. Но, ударите врз нивното семејство се бројни и чести. Од самото заминување до интервјуто со Опра Винфри па до мемоарите, гласините за Хари и Меган не стивнуваат…Од Бакингемската палата пак, пристигнаа само неколку негирања од време на време, и неколку гласини за незадоволство. Но, сега се чини дека трпението на кралицата Елизабета заврши и дека веќе не е време за толеранција!

Според гласините, всушност, кралицата се консултирала со својот адвокатски тим.

Изворот наведува дека кралицата рекла „што е многу – многу е!“ и дека е разочарана од односот на Хари и Меган, додавајќи дека „има граница на она што може да го прифати кралското семејство“. Потоа кралицата рекла:„ Се организирав со адвокатите. Хари и Меган ќе бидат предупредени дека овие континуирани напади нема да се толерираат уште долго“.

Овие гласини се во директна спротивност со тоа дека двете снаи Меган Маркл и Кејт Мидлтон, односно војвотките од Сасекс и од Кембриџ, се на пат на зближување. Дури и се шмекулираше дека поранешната актерка ќе ја вклучи Мидлтон во нејзините проекти со Нетфликс. Останува да видиме…

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....