00:38 - 9 ноември, 2026

ВИДЕО+ФОТО: Викторија Бекам проговори за скандалот стар 23 години

Кога во 1997 година на конференцијата за медиумите дојдоа членките на тогаш популарната поп група „Spice Girls“, во целиот свет за нив владееше неверојатна хистерија, но Викторија Бекам токму тогаш не беше најдобро расположена. Нејзиниот израз на лицето, држењето за глава, а потоа и наглото заминување од салата ги загрижи сите.

Сега по 23 години, поранешната спајсица конечно откри што се криело зад овој скандал.

Долги 23 години поминаа од фамозната коференција за медиумите во Бразил, на која се појавија Мел Би, Гери Хорнер, Ема Бантон, Мелани Си и Викторија Бекам. Овие денови во јавноста повторно се појави снимката од тие денови, а во центар на вниманието беше токму Викторија.

Еден од корисниците на Инстаграм го искористи моментот кога младата Викторија едвај ги држи очите отворени, а потоа нагло заминува од салата со цел да се пошегува на своја сметка.

Покрај објавата тој го додаде и описот: „Ова сум јас на секој состанок преку Zoom“.

Фото: Инстаграм

Тоа брзо се прошири на социјалните мрежи, а дојде и до самата Викторија, па така таа ја прифати шегата и објасни што всушност и се случувало тој ден

„Во моја одбрана, тој ден бев ужасно мамурна“, напиша 46-годишната Британка, давајќи до знаење дека споменот од минатото добро ја насмеал.

Фото: Инстаграм

Да се потсетиме Викторија на оваа конференција едвај ги држеше очите отворени, ја потпираше главата и ја држеше, а потоа наеднаш „излета“ од салата, збунувајќи ги новинарите, но и колешките од бендот. Сигурни сме дека забавата од претходната ноќ имала големо влијание на ова.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....