11:38 - 7 ноември, 2026

(ФОТО+ВИДЕО) ПРВАТА КРАЛСКА ВЕНЧАВКА ВО РУСИЈА ПО 120 ГОДИНИ: Се ожени потомокот на Романови

Војводата Георгиј Михајловиќ Романов се ожени со својата долгогодишна свршеница Ребека Бетарини, пренесува „Дејли Меил“.

Ова е прва венчавка на потомците на руското кралско семејство по 120 години, а се одржа во катедралата „Св.Исак“ во Санкт Петербург.

„Ова беше првото место во Русија на кое се вративме и е многу блиску до моето семејство“, изјави Георгиј за руските медиуми пред венчавката.

Странските медиуми пренесуваат дека венчавката имал многу гости, меѓу кои и претставници на 20 династии од целиот свет. Традиционалната царска церемонија трае два дена, а за гозбата е одговорен Евгениј Пригогин, познат и како готвачот на Путин.

На вториот ден од венчавката, што ќе се одржи во сабота, 700 гости се поканети во Константиновата палата на ручек и ќе има настапи во живо и аукција. Вечерта ќе заврши со концерт како дел од отворањето на Руското царско музичко друштво.

Патем, Георги Михајлович е син на принцезата Марија Владимировна, која ја предводи Царската куќа на Романов и нејзиниот сопруг, големиот војвода Михаил Павлович, и неговата избрана Ребека е ќерка на италијански дипломат од благородничко семејство. Според руската традиција, таа го прифати православието и го доби името Викторија Романовна.

Двојката првпат се венчаше на граѓанска церемонија во Москва на 24 септември, пред да ја организира оваа верска церемонија, чија цел е да ја повтори традицијата на руското царско семејство.

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....