22:12 - 9 ноември, 2026

(Фото) Се повлече од сцената, пушти коса и најде нов живот во верата: Еве во кој манастир е Милан Станковиќ

Во последно време пјачот и поранешен натпреварувач во Ѕвездите на Гранд, Милан Станковиќ ретко се гледа во јавност, а уште од декември 2021 година се зборуваше дека се повлекол во манастир. Веста и самиот тогаш ја потврди Милан.

Во времето на коронакризата тој беше популарен со своите антиваксерски ставови, а подоцна се дозна дека се одрекол од музичка кариера и дека се замонашил.

инстаграм

На средината на декември 2021 година, Милан беше во манастирот во близина на Приеполе (Златибор), културно историски објект од 13 век. Манастирот Милешева е познат и по иконата Белиот ангел.

Сега пак, во српските медиуми излегоа нови фотографии од некогашниот пејач. Облечен во црно, и со сесема променет изглед присуствувал на предавање на кое дошол во придружба на отец Рафаил Бољевиќ, кој зборувал на темата Крст.

Станковиќ седел во првиот ред со долга коса и брада.

Подоцна самиот објави на „стори“ на Инстаграм фотографија од друг манастир, каде што сега се наоѓа. Станува збор за манастирот Невесиње лоциран во Босна и Херцеговина.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....