23:25 - 29 ноември, 2026

Руперт Мардок ќе се венча по петти пат: Дијамантен прстен за веридба и љубовна порака

Медиумскиот магнат Руперт Мардок (92) се сврши со 25 години помладата девојка Ен Лесли Смит, само седум месеци откако се разведе од поранешната сопруга, манекенката Џери Хол (66).

Ова ќе биде веќе петти брак за Мардок. Претходно беше во брак со убавицата Џери Хол (поранешна сопруга и на Мик Џегер), претприемачката Венди Мардок (54), новинарката Ана Мардок Мен (78) и стјуардесата Патриша Букер.

Мардок ја запросил Ен со скапоцен дијамантен прстен во петокот, на 17 март.

– Бев многу нервозен. Се плашев од вљубување, но знаев дека ова ќе ми биде последно. Подобро да биде. Среќен сум – изјави Мардок за Њујорк Пост.

Двојката планира да се венча во текот на летото.

Мардок додаде дека ѝ двајцата се среќни и дека со радост чекаат да го поминат вториот дел од животот заедно.

 

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....