00:10 - 8 ноември, 2026

(Видео) Фановите на Брус Вилис открија детал во роденденското видео: Еве што му недостига

Брус Вилис вчера го прослави својот 68-ми роденден во голем стил, но има еден детал од видеото од роденденската прослава која го сподели Деми Мур, што го привлече вниманието на јавноста.

Видеото на Инстаграм на Мур го покажа целото семејство, вклучително и неговата сопруга и децата како пеат „Среќен роденден“, додека Вилис навива со рацете, а потоа и ги дува свеќичките на колачот. Целата оваа сцена беше многу трогателна, што многу фанови дури признаваат дека се расплакале гледајќи дека Брус изгледа навистина поинаку од она што го познаваат.

„Среќен роденден,БВ! Многу ми е мило што можевме да те прославиме денес“, напиша Мур на видеото. „Те сакаме и го сакаме нашето семејство. Ви благодариме на сите за љубовта и топлите желби – кои сите ги чувствуваме“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Ова е првото видео на Вилис што семејството го сподели откако објавија дека на актерот му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција.

Кога семејството ја откри дијагнозата на Вилис со FTD минатиот месец, тие рекоа во групна изјава: „Брус отсекогаш наоѓал радост во животот – и им помагал на сите што ги знае да го сторат истото. Многу сме трогнати од љубовта што сите ја споделивте за нашиот драг сопруг, татко и пријател во овој тежок период“.

„Вашето континуирано сочувство, разбирање и почит ќе ни овозможат да му помогнеме на Брус да живее што е можно поисполнет живот“, заклучија тие.

Но што е тоа што фановите го забележаа во новото видео споделено за неговиот роденден, освен очигледната вистина – видлива вистина – дека Брус е болен.

Многу луѓе забележаа дека во среќното видео на Вилис му недостасува еден од предните заби.

Токму тоа привлече големо внимание кај неговите следбеници и шпекулации дека тоа би можело да биде поврзано со неговата болест која го држи далеку од центарот на вниманието долго време и предизвика крај на неговата актерска кариера.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....