15:13 - 10 ноември, 2026

(ФОТО) НЕВЕСТАТА е КАКО ПРИНЦЕЗА: Семејствата објавија фотографии од СВАДБАТА на БРУКЛИН БЕКАМ И ПЕЛЦ

Бруклин Бекам (23), кој е најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, се ожени со милијардерката- наследничка Никола Пелц (27), на тревник покрај океан на семејниот имот вреден 76 милиони фунти во Палм Бич, Флорида.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


Се проценува дека раскошната церемонија чинела околу 3 милиони фунти.  За време на церемонијата низ социјалните медиуми кружеа папарацо фотографии, но пред само неколку часа семејствата објавија одел од официјалните фотографии од свадбената прослава.


За време на прославата во петокот вечерта, Дејвид Бекам ѝ рекол на Никол: „Толку те сакаме. Возбудени сме што ќе бидеш дел од семејството. Ти си неверојатна личност“.

На младенците им се придружиле бројни ВИП гости, кои се собрале на тридневниот спектакл, меѓу кои дошле и Гордон Ремзи (55), тенисерката Серена Вилијамс (40) и актерката Ева Лонгорија (47).


Други на листата на гости биле „Spice Girls“ Мелани Браун (46) и Мелани Чишолм (48), супермоделите Џиџи Хадид (26) и Жизел Бундхен (41), поранешниот фудбалер Фил Невил (45) и кумот на Бруклин, Дејв Гарднер (44).


Еден гостин ја опиша двојната церемонија – дизајнирана да ја одбележи католичката вера на мајката на Никол, Клаудија и јудаизмот на нејзиниот татко Нелсон – како „трогателна“ и „емотивна“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynbeckham

– Тоа беше многу специјална пригода со многу лични детали. Бруклин и Никол очигледно вложиле многу размислување и труд за да го направат денот што е можно поспецијален. И двајцата изгледаа неверојатно и многу вљубени. И двете нивни семејства се многу горди на нив и се воодушевени што ги гледаат толку среќни – рекол еден од гостите.

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....