06:20 - 12 март, 2026

(ФОТО) НАЈУБАВАТА ДИСКО ЗАБАВА: Дизајнерката Маја Кикириткова ја исполни желбата на својот син – јунак Лазар

Нашата позната модна дизајнерка, мајка и инфлуенсерка Маја Кикириткова, на својот инстаграм профил објави неодоливи фотографии од роденденската прослава на својот син Лазар.

Кикириткова е мајка на вистински херои, синот Лазар и помалата ќерка Ева кои се најголема радост во домот на семејството Трајковски.


Кикириткова многупати отворено зборувала за мајчинството и двете бремености, за целата убавина што ја носат истите, но и за сите стравови и потешкотии низ кои поминала. По повод роденденот на својот син Маја се наврати на денот на неговото раѓање.


„Го паметам тој 22ри, пред четири години, како вчера да беше. Цел ден излезена, некоја новогодишна еуфорија имаше низ градот. Си дојдов дома, малку да одморам и како и секој петок во 17:30 одев на јога за трудници. Александар отиде предновогодишно во кафана. Отидов во тоалет да се спремам, но ситуацијата не беше добра. Веднаш му се јавив на мојот доктор, доктор Тофовски кој му го должам животот, и наместо на јога се упатив кон болница. Не му се јавив на Александар, да не го вознемирувам, но кога ситуацијата стана алармантна и кажаа дека мораат итен царски да ме оперираат му свртев и тој долета со брзината на светлината. Се роди ти, 20:10h, не знаев дали да се радувам или да плачам. Се бореше јуначки и се избори, а сега си дечко од полни 4 години.
Те сакаме јуначино наша и уште долги години на овој 22ри ќе ми капнува по една солза што си тука, што те имаме. Биди насреќен синко мој, стои во емотивната објава на дизајнерката посветена на  синот Лазар“


Желбата на убавецот Лазар за неговиот четврти роденден била диско роденденска забава, а секоја негова желба е огромна инспирација за неговата мајка.

Диско забава со неодолива слатка маса, многу балони и секако диско топка. Мама Маја, Лазар и преслатката Ева беа совршено стилизирани, согласно темата на забавата.

„Среќна 4ка синко.Ти посака диско роденден, а тато и мама ти ја исполнија желбата. Да растеш безгрижен и најсреќен, стои во опсиот на прекрасните роденденски фотографии кои Маја ги сподели со своите следбеници“

(ФОТО) „НА ОВОЈ ДЕН КАПНУВА ПО ЕДНА СОЛЗА НА МОЕТО ЛИЦЕ“: Дизајнерката Маја Кикириткова е мајка на вистински херои

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....