11.8 C
Скопје
23:27 - 3 мај, 2024

(ФОТО) „НА ОВОЈ ДЕН КАПНУВА ПО ЕДНА СОЛЗА НА МОЕТО ЛИЦЕ“: Дизајнерката Маја Кикириткова е мајка на вистински херои

Денес, 17 ноември е Светски ден на предвремено родени деца, а нашата дизајнерка Маја Кикириткова е мајка на вистински херои, синот Лазар и помалата ќерка Ева кои се најголема радост во домот на семејството Трајковски.

Кикириткова многупати отворено зборувала за мајчинството и двете бремености, за целата убавина што ја носат истите, но и за сите стравови и потешкотии низ кои поминала.


Овојпат, на својот инстаграм – профил дизајнерката објави прекрасна фотографија од преслатките Ева и Лазар, предвремено родени деца и вистински борци.

Еве ги пораснаа, а се родија толку многу мали и беспомошни. Лазар пред неполни 4, а Ева пред неполни 2 години. И секоја година овој ден ќе ги спомнувам, нив, моите борци, моите херои. Секоја година на овој ден ќе капнува по една солза на моето лице, не знам дали од среќа или од тага. Но тука се, тоа е најбитно, Ден на предвремено родени деца, стои во описот на фотографијата на Маја.

Фото: Принтскрин / Instagram

Лазар и Ева се родени во 34тата недела од бременоста. Маја на своето тело како што кажа во една прилика гордо носи две лузни од двата царски реза кои ги донесоа на овој свет нејзините херои, нејзината најголема радост.


Кога останав бремена со Лазар цело време во мисла ми беше природен пораѓај. На докторот постојано му зборував како сакам детето да се роди природно, а он само викаше, Маја додека не влезеш во 36та гн, не правам муабет на темата пораѓај. И во право бил, не ја дочекав 36та недела.Тој ден 22.12.2017, сабајлето бев на преглед кај матичната, ми рече, супер е сè, уживај последните недели од бременоста. Во 17h, требаше да одам на јога за трудници. Влегов да се спремам и видов дека сум прокрварела. Александар беше предновогодишно во кафана. Не му се јавив да не го возмемирувам, потсвесно верував дека не е ништо сериозно, иако знаев дека не е во ред, неодамна изјави Маја.


– Го побарав докторот и рече, дојди дежурен сум. Отидов во болница, крварењето беше пообилно. Ми рече, Маја ќе мора да те задрживме во болница, плацентата е одлепена. Ќе те следиме, доколку можеме некој ден да пролонгираме. А јас, ама докторе јас сум 34та. Му се јавив на Александар, дојде со брзина на светлината. Не можев да издржам ни неколку саати, а не неколку денови. Во 20:10 се роди Лазар. Итен царски, затоа што ако не се реагирало на време, прво се губи бебето, па мајката. Втор пат бремена, молење да дочекам 36та, милијарда испитувања и пак истото, пак прокрварев, пак 34та, пак во болница и пак итен царски, неодамна изјави Маја опишувајќи ги двете бремености и борбата на нејзините мали херои како и сите стравови со кои се соочиле со сопругот Александар, или како што таа често го нарекува нејзината најголема поддршка.

Слични објави

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо
Се вчитува....