00:50 - 9 ноември, 2026

ФОТО | Клаудија Шифер во секси долна облека им го честиташе Божиќ на обожавателите!

Многу sвезди ширум светот споделија фотографии со своите семејства каде уживаат во заедничко дружење. Тие покажаа раскошно украсени домови, како и традиционални „грди божиќни џемпери“, а еден од најпознатите супермодели во историјата го направи спротивното.

Клаудија Шифер им го честиташе Божиќ на своите обожаватели со провокативна фотографија на која е облечена во црвена секси долна облека и капа на Дедо Мраз од нејзините помлади денови.

Волшебната Клаудија ја открија модните агенти во еден ноќен клуб во Дизелдорф и наскоро стана една од најбараните супермодели. Триесет години подоцна, за британскиот Ел, таа погледна назад во завидната кариера и откри до сега непозната пикантност за нејзиниот живот.

Инстаграм

„Беше лудо време! Живеев како рок sвзда. Ме чуваа телохранители на секоја модна ревија. Не само јас, туку и облеката, дури и долната облека – градници и гаќички. Секој пат кога ќе излезев на пистата и ќе се вратев, моите работи ги немаше, сè ќе беше исчезнато. Затоа мојата долна облека мораше да има свои чувари“, рече 50-годишната Шифер. Денес таа е среќна сопруга на режисерот Метју Вон и мајка на 17-годишниот син Каспер, 15-годишната ќерка Клементин и 9-годишната Косима.

Убавицата со германско потекло сè уште може да се пофали со витка линија на која можат да и позавидат и нејзините многу помлади колешки, а неодамна искрено зборуваше за стареењето и објасни дека со задоволство ја прифаќа нејзината зрела возраст. ‘Не се обидувам да изгледам или да се чувствувам помладо отколку што сум. Уживам во сегашниот момент’, рече Клаудија.

Инстаграм

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....