23:10 - 7 ноември, 2026

(ФОТО) ЈЕЛЕНА РОЗГА ОБЛЕЧЕ МОДНО ПАРЧЕ ОД 150 ДЕНАРИ во кое изгледа многу заводливо: Хрватицата ги запали социјалните мрежи!

Јелена Розга е една од најдобро облечените дами меѓу балканските ѕвезди, а нејзиниот елегантен, женствен стил е секогаш вистинска мамка за погледи.

Пејачката ужива да ги следи трендовите, но од друга страна е верна и на класиката и на едноставните парчиња. Ни се чини дека таа успеа да го најде вистинскиот баланс меѓу овие два модни тренда, како што и доликува на вистинска дама со стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

За потребите на настапот, Розга скокна во ефективен, краток црн фустан кој ја следи линијата на телото, а го краси предимензионирана панделка во пределот на градите. Јелена на фотографијата изгледа совршено стилизирано од глава до пети, но еден детаљ ги украде сите погледи.

Имено, русокосата со нежна убавина избра впечатливи најлон – чорапи со интересен дезен, а чорапите со дезен се најлесниот начин да „скршите“ едноставна комбинација и да и дадете посебен печат. Јелена ни го покажа тоа на дело, а најголемата предност е што ова парче можете да набавите и за 150 денари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Целиот аутфит на 44-годишна возраст го заокружи со сребрени обетки, но и со елегантна фризура, а нејзиното издание собра бројни комплименти на социјалните мрежи.

„Каква мачка си“, „Совршена фигура“, „Топ, топ, топ“, „Ах колку си убава во црно“, „Убава жена“, „Ти си убавица. Секоја чест“, „Вистинска принцеза “, се само дел од коментарите на бројните фанови на пејачката.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....