01:11 - 9 ноември, 2026

Ријана е милијардерка, а за бебето купува во НАЈЕФТИНА продавница: Поради ова парче сите мислат дека ПОЛОТ НА БЕБЕТО Е ВЕЌЕ ПОЗНАТ

Ријана е милијардерка не само поради тоа што е успешна музичарка, туку и благодарение на нејзините успешни линии на шминка, долна облека и производи за нега на кожата, но кога е во прашање облеката за нејзиното бебе, изгледа дека сака да штеди.

Ријана докажа дека сè уште ја цени добрата распродажба – уловена е како купува бебешка облека во продавницата Target во Лос Анџелес. Овој ланец на продавници се смета за еден од најевтините во Америка.

33-годишната пејачка го очекува своето прво дете со раперот ASAP Роки, а неодамна откри дека е во третото тромесечје.

Љубопитните набљудувачи во продавницата и насобраните папараци го уловиле моментот кога Ријана ставила мало портокалово фустанче во својата количка, што предизвикало шпекулации дека очекува девојче.

Според сајтот Target.com, фустанчето кое го привлекло вниманието на Ријана се продава по цена од само 18 долари.

Сепак, искусната Ријана внимавала на љубопитните погледи, па затоа се упатила кон одделот за унисекс облека и разгледувала чорапи и комбинезони за бебиња.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....