21:50 - 8 ноември, 2026

ФОТО: Георгина ужива во луксузот и во спектакуларната елка – На нозете 1.155 евра, а ќебето чини 1.260 евра

Избраничката на Роналдо внимателно избира облека за себе. Исто е кога станува збор и за влечките кои ги носи во домот, но и за деталите во домот. Таа редовно купува парчиња облека и предмети од својот омилен бренд…

Девојката на фудбалерот Кристијано Роналдо (35), манекенката Георгина Родригес (26) ужива во претпразничното расположение. Таа ја украсила новогодишната елка во дневната соба и гордо позираше на белиот мебел покрај неа.

„Да се сакате себе си е почеток на љубовната приказна која нема крај“, напиша Георгина во описот на фотографијата. Освен новогодишната елка, посебно внимание украдоа и луксузните детали со потписот на брендот „Louis Vuitton“.

Фото: Инстаграм

Родригез позираше во црвено чипкасто боди, а на нозете носеше влечки од познатиот бренд чија цена на официјалните страни на „Louis Vuitton“ изнесува 1.155 евра.

На креветот има и ќебенце со логото од брендот чија цена изнесува 1.260 евра. Пријателите веднаш го пофалија нејзиниот изглед во коментарите.

Фото: Инстаграм

А како го украсила домот за претстојните празници, Георгина покажа на социјалните мрежи уште пред неколку дена. Освен раскошната елка, која стои во дневната соба, таа и Роналдо ставиле и разни украси на прозорците – снегулки, светилки, елени, Дедо Мраз, мали борчиња….

Фото: Инстаграм

Обожавателите без збунети од изгледот на Дедо Мраз, па ја запрашаа Георгина во коментарите:

„Зошто Дедо Мраз е бел?“….

Фото: Инстаграм

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....