04:36 - 29 ноември, 2026

(Фото) Бремената сопруга на Огњен Амиџиќ се фотографираше сосема гола: Подготвена сум!

Познатиот српски водител Огњен Амиџиќ и неговата сопруга и колешка Мина Наумовиќ наскоро ќе станат горди родители. Огњен и Мина чекаат девојче, а водителката откри дека е подготвена за породување.

До неодамна бремената Мина не објавуваше никакви фотографии од себе, но сега, убавата трудница го фотографирала својот одраз во огледалото, целосно гола, на кој јасно се гледа нејзиниот голем труднички стомак.

„Подготвена сум“, напишала водителката, алудирајќи дека е подготвена да ја исполни својата улога на мајка и да роди бебе чие име, засега, идните родители не сакаат да го откријат.

Во коментарите таа добила многу позитивни реакции и поддршка, но и комплименти.

„Среќно со сè понатаму, убавино!“, „Браво и со среќа!“, се дел од коментарите на нејзините обожаватели.

Да потсетиме, Огњен одговараше на прашањата на своите следбеници на Инстаграм, а нив ги интересираше дали одлучиле како ќе се вика нивната ќерка.

„Како ќе се вика бебето?“, гласело прашањето.

„Ќе кажам ако Мина дозволи. Сакавме, ако е ќерка, да ја викаме Миша, но подоцна најдовме нешто подобро“,  одговорил водителот.

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....