22:56 - 6 ноември, 2026

Карлеуша во жестока одбрана на Северина, „распали“ по Поповиќ и Судот: „Што би ти правела, би бил првиот маж кој затруднел и останал труден со години!“

Бројни јавни личности ја поддржаа пејачката Северина Вучковиќ откако ѝ беше одземено целосното старателство над синот, а сега се огласи и поп дивата Јелена Карлеуша.

Таа како и секогаш беше отворена, а многумина беа шокирани од она што го напиша на својот Инстаграм профил.

– Излегува дека бившиот психо на Северина е поважен и повлијателен во Хрватска од нивниот премиер и претседател и судот и правото и правдата и Господ – започна Јелена, па додаде:

– Сега, откако вие браќа Хрвати поштено се обрукавте,  затоа што предолго ја гледаме неправдата кон оваа жена и к** ни пукна. И вие после нешто за Србија зборувате… Ееее мои вие… Ова тука одамна ќе ѝ беше решено на Северина, а имаме и способни адвокати, на Северина адвокатите се аматери. А бидејќи и дотичниот влијателен ова ќе го прочита, можам само да му порачам: Што би ти правела јас тебе брате Србине, би станал прв маж кој затруднел и бил труден со години! Не си ти Србин, ти си…Ама да не лаам, знам да бидам дрска. Ако некате те нагазам ќе ти кажам во лице, лесно е вака да се биде храбар, а и знам некои кои имаат мааалку повеќе парички од тебе – напиша Јелена, која очигледно бурно реагираше на неправдата која ѝ е нанесена на хрватската пејачка.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....