20:16 - 30 јули, 2026

Симсонови го предвиделе Коронавирусот уште во 1993 година! (ВИДЕО)

Фановите на Симсонови веруваад дека долгогодишната анимирана серија го предупредила светот за коронавирусот уште пред повеќе од 2 децении.

Како доказ ја наведуваат епизодата од 1993 година во која се ради за вирус наречен Осака Флу кој се шири низ Спрингфилд, откако жителите нарачале блендери од Јапонија.

Во епизодата еден од работниците кој ги пакувал блендерите во кутии во Јапонија, се разболел и случајно го пратил вирусот во САД. „Ве молам, немојте да му кажете на мојот надзорник дека имам грип“, кажал тој пред да се искашла во кутијата. Потоа откако блендерите стигнале во Спрингфилд, повеќето жители се разболеле.

Иако вирусот дошол од Јапонија наместо од кинескиот град Вухан, фановите на Симсонови го „запалија“ Твитер со реакции. „Симсонови повторно успеаа“, е само еден од коментарите за серијата која често има точни пророштва.

Фановите исто така веруваат дека Симсонови ја предвиделе минатогодишната борба на Џошуа и Руиз, „Игра на тронови“ и многу останати…

Слични објави

Темната страна на култниот филм „Казабланка“: Снимањата биле ноќна мора поради однесувањето на еден до актерите

Еспресо

Тројански коњ во природна големина, импресивна актерска постава… Сè што можеби не сте знаеле за филмот „Одисеја“

Т.Ц.

(Видео) Рејчел Мекадамс уживаше во кафуле во Белград — што бара актерката во Србија?

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) – Како чоколадите на Жилиет Бинош во филмот „Чоколада“ ги омекнаа и најтврдокорните срца

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо
Се вчитува....