-3.2 C
Скопје
04:06 - 23 декември, 2024

РАЗГОВОР СО ДИНА ДУМА, РЕЖИСЕРКА: Јас сум трета режисерка што снимила долгометражен филм во Македонија

дина дума

Не стивнуваат реакциите во јавноста за првиот долгометражен филм на македонската режисерка Дина Дума насловен „Сестри“, кој беше одбран да биде македонскиот претставник за наградата Оскар за најдобар странски филм за 2022 година од страна на Друштвото на филмските работници во Македонија.

Дина Дума дипломирала филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 2014 година, а во 2016 година учествувала на престижната работилница за млади „Берлинале Талентс“ („Berlinale Talents“).

дина дума
Моменти од снимањето на филмот „Сестри“ / Фото: Приватна архива

Зад себе има неколку краткометражни филмови како „Елена“ (2016), „Доаѓаат од центарот на светот“ (2017) и „Без љубов“ (2018). Филмот „Сестри“ е нејзиниот дебитантски игран филм кој премиерно беше прикажан на филмскиот фестивал во Карлови Вари во натпреварувачката програма „Ист оф д Вест“ („East of the West“) каде покрај тоа што ги освои симпатиите, ја освои и специјалната награда од жирито.

дина дума
Дина Дума ја прима специјалната награда од жирито на филмскиот фестивал во Карлови Вари / Фото: Приватна архива

Две жени ги влечат главните конци во реализацијата на филмот, ти како режисерка, и Марија Димитрова како продуцентка. Имајќи предвид дека во Македонија има многу малку жени режисерки и продуцентки дали конечно на жените им дојде времето да се искажат во главните позиции во креирање на филм. Какво беше твоето искуство?

– Искрено се надевам дека Агенцијата за филм ќе продолжи да поддржува сè повеќе режисерки и продуцентки. Јас сум трета режисерка што снимила долгометражен игран филм во нашата земја и искрено се надевам дека оваа бројка ќе се смени и ќе порасне. Има тенденција да се прикаже дека жените се еднакво застапени во филмската индустрија на светско ниво, но апсолутно не е така. Лесно е да се направи илузија дека е различно, со прикажување на изолирани случаи, но треба да се погледне статистиката, а таа кажува дека нема родов баланс во филмската индустрија, соодносот е 20 со 80%.

Во нашата земја жените не се присутни во јавната сфера на општеството, но не се присутни ни на авторските позиции во филмската индустрија. Промените во едно вакво младо општество како нашето не се случуваат брзо. Со самото тоа што агенцијата за филм финансира филмови од жени- авторки се гледа дека работите почнуваат да се менуваат.

 

Како се чувствуваше кога дозна дека твоето првенче, филмот „Сестри“ е македонскиот претставник за наградата Оскар?

– Беше пријатно изненадување кога дознав дека комисијата одлучила „Сестри“ да биде претставник за оскарите, за мене беше неочекувано.

дина дума
Дел од атмосферата на снимањето на филмот „Сестри“ / Фото: Приватна архива
дина дума
Актерките Антонија и Миа со Дина Дума / Фото: Приватна архива

Кој е последниот македонски филм што ти оставил впечаток?

– „Медена земја“.

дина дума
Моменти од снимањето на филмот „Сестри“ / Фото: Приватна архива

Кои се твоите очекувања за конкурентската трка за Оскарите?

– Се надевам дека филмот и тимот кој работеше на филмот ќе добијат уште поголема видливост.

дина дума
Дел од филмската екипа / Фото: Приватна архива

Кога скопската публика ќе може да го погледне филмот?

– Скопската публика ќе може да го види филмот во декември кога ќе започне кино дистрибуцијата низ скопските кино сали.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....