14.8 C
Скопје
15:43 - 25 април, 2024

Џенифер Лопез по 18 години призна голема грешка: Тоа е работа која не можам да ја прежалам

Во изјава за магазинот „Vanity fair“ за изданието „Hollywood 2000“, на чија насловна страница се наоѓа и славната пејачка и актерка Џенифер Лопез, таа откри дека и ден денеска жали за улогата во филмот „Unfaithful“ (Неверен), која не ја прифати пред 18 години.

– Требаше да знам дека Едријан Лајн ќе го направи филмот одличен, но тогаш не бев сигурна во тоа вели Џеј Ло за овој познат режисер на драми и трилери.

Таа додала и дека Дајан Лејн (54) била совршен избор, а споменатата актерка поради улогата во остварувањето „Unfaithful“ беше номинирана за Оскар.

Сепак, Џеј Ло не го крие разочарувањето од својот избор, бидејќи смета оти требало да направи подобра проценка и вели дека и е неизмерно криво поради пропуштената шанса.

И покрај тоа што не ја преземала таа улога, оваа суперѕвезда во текот на својата цела кариера беше дел од многу други успешни филмови.

Најсвеж е примерот со „Hustlers“, во кој таа ја толкува улогата на стриптизерката Рамона, во приказната за група на стриптизерки од Њујорк кои ги ограбуваат своите богати клиенти.

За оваа улога популарната Џеј Ло доби номинација за Златен глобус, кој не го освои, а многумина велат дека таа заслужила и номинација за Оскар, пренесува Фокс Њуз.

Покрај тоа што е актерка, Џенифер Лопез е и мајка на две деца и уметничка која е номинирана за Греми наградата, а оваа година заедно со Шакира ќе настапи на Супербоул.

-Секогаш ме прашуваат за кариерата и тоа е во ред. Но, ако ме прашувате што се наоѓа на мојата листа на желби, би ви кажала дека сакам да живеам некаде надвор од Америка, во некој мал град во Италија или на друг крај од светот, на пример во Бали. Би сакала да пронајдам друг начин на живот кој е поедноставен и поприроден, во кој можете да возите велосипед, да купите леб, да го ставите во својата корпа, па да одите дома и да си намачкате џем на него, и само да јадете и да се сликате, или пак да седите во удобно столче со прекрасен поглед кон стебла од маслинки и само да ги вдишувате миризбите од природата – вели Џенифер Лопез за медиумите, откривајќи ги своите скриени желби.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....