16:26 - 8 ноември, 2026

Една од најубавите жени на светот, плаче на „Инстаграм“: „Да имаш довербата откако ќе бидеш изневерена изгледа толку невозможно“

полина поризкова

Супермоделот Паулина Поризкова испрати сентиментална порака до обожавателите преку нејзиниот инстаграм-профил.

„Знам дека сите уживате во среќните објави, кога гледате како луѓето се опоравуваат, додека се смешкаат и ви кажуваат дека падот ги направил посилни и подобри луѓе. Но, не секој ден е среќен ден на патот на закрепнувањето“.

Таа продолжи: „Да имаш довербата откако ќе бидеш изневерена изгледа толку невозможно како да леташ во вселената. Корекција. Полесно ми е да се видам во вселената во овој момент“.

Иако манекенката родена во Чешка не именува имиња, Поризкова се раздели со Арон Соркин минатиот месец по само три месеци состанување во очите на јавноста.

Нејзините чувства за предавство веројатно произлегуваат и од нејзиниот сопруг, починатиот пејач, Рик Окасек, кој ја избриша од неговиот тестамент пред неговата неочекувана смрт во 2019 година. Со тој чин Полина мораше да се потпре на пријателите да ѝ ги подмират трошоците по неговата смрт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)

„Кога ќе бидеш изневерен, а ти било нешто ветено и ветувањето ќе биде прекршено без твое учество-те начекува неспремна“, продолжи Поризкова. „Сте имале доверба во некој што го сакате, а сега целата љубов е сомнителна“.

„Но, љубовта не е можна без доверба. А во свет без љубов не вреди да се живее. (Сите видови љубов).”

Таа обидувајќи се да се заштити од осудувачки коментари ја завршува објавата со: „За вас што сакате да посочите дека објавување на слика додека плачам е највисоката форма на нарцизмот, со цело срце се согласувам!“

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....