21:34 - 9 ноември, 2026

Џамбазов: Судбината ми ја прати Илина, се „зацопав“ и се исплашив поради годините

Игор Џамбазов вели дека за него како „красти“ се лепеле луѓе кои во нормални околности не би сакале да бидат во иста просторија со него.

Познатиот актер, шоумен и писател во Еден на Еден кај Жаре изјавил дека успеал да смени многу навики, и да се тргне од луѓето кои го искористувале.

– Тоа е една од оние навики кои успеав да ги поправам. Да не им давам шанса на небитни луѓе да бидат дел од мојот живот. И уште мојата кариера да зависи од нивните постапки, и уште да им давам добар дел од мојата заработка. На плеќите тоа ми тежеше, сите тоа го гледаат, само јас не признавав – изјави Игор во Еден на Еден која ќе се емитува во недела, од 18.30 на Канал 5.

Игор Џамбазов и Жаре Димитриовски/Промо

За првпат во ТВ емисија, тој ќе се појави заедно со Илина Арсова, и ќе ја раскажат целата нивна љубовна приказна.

– Јас не верувам во Господ, верувам во судбина, и судбината ми ја прати. Имам грижа на совест, зашто 95 проценти од луѓето оваа година ќе ја паметат како нешто најлошо, а јас како година која ми го донела најубавото нешто што можело да ми се случи. Не очекував дека некој толку ќе ме загрее. Имам една нова песна, љубовна. Тоа не е љубовна песна, тоа е „зацопана“ песна. А, се „зацопуваат“ тинејџери. Тоа ме подисплаши, само заради годините – му открил Џамбазов на Жаре.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....