10:04 - 9 ноември, 2026

ДЕЈВИД БЕКАМ СЕ ЖАЛИ: „Мојата сопруга Викторија јаде едни исти намирници веќе 25 години, само риба на скара и зеленчук на пареа…“

„Би сакал одвреме-навреме да вкуси нешто различно“, објасни поранешниот фудбалер, „но тоа се случува толку ретко. Таа сака само варена риба и зеленчук“. За разлика од неа пак, Бекам е голем гурман.

Поранешниот фудбалски ас се дефинира себе како некој што сака да вкуси различна храна и да експериментира со вкусовите, а негов наследник е синот Бруклин кој споделува на  Инстаграм различни видеа како готви. Но, Дејвид Бекам се жали дека е оженет со жена која „25 години ги јаде само истите работи“. Никогаш нема варијација на темата, никогаш креативност во чинијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

„Храната навистина ме возбудува, а обожавам и да пијам“, изјави Дејвид Бекам. „А кога ќе вкусам нешто што навистина ми се допаѓа, би сакал сите околу мене да го пробаат“.

За жал, сепак, „оженет сум со некој кој ги јаде истите работи веќе 25 години!“ Всушност, откако ја запознал сопругата, Дејвид ја видел како јаде само „риба на скара и зеленчук на пареа, а многу ретко отстапува од ова мени“.

Бекам објаснува дека единствен пат кога „поделил“ храна со Викторија „беше кога таа беше бремена со Харпер и ми ја „изми“ чинијата“, се сеќава тој. „И за мене тоа беше неверојатен момент, една од моите омилени вечери. Не се сеќавам каква храна беше, но знам дека оттогаш не ја јадеше повеќе“.

Викторија пак, своевремено открила дека не ја допира храната кога е зготвена на масло, путер или ароматизирана со сосови и не јаде црвено месо или млечни производи. Признала и дека „удобна храна“ за неа е парче интегрален леб со малку сол, а за својот роденден слави со убава торта на база на овошје, но без креми.

Поранешниот спортист додаде и дека е среќен кога е сам дома па може да готви што сака. „Неодамна бев сам дома пет дена бидејќи штотуку се вратив од Италија“, објасни тој. „Родителите на Викторија организираа забава, но јас не можев да одам таму. Така сите беа далеку од дома и да, признавам: ми се допадна“, рече тој.

„Си проготвив две неверојатни парчиња месо, едното на фирентински начин а другот- англиски Wagyu. Се налеав со чаша добро црвено вино, готвејќи го месото и си направав и салата од домати и кромид“, заклучи тој за својот, како што вели, неверојатен оброк.

 

Слични објави

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо
Се вчитува....