Летните температури можат да бидат брутални и едноставно е претопло за да носите панталони.
Емили Ратајковски има едноставно решение кое можете да го извлечете од својот гардеробер или од гардероберот на вашиот партнер. Се што ви треба е широка бела кошула и ремен.
Емили вчера била фотографирана во Њујорк, а во таа прилика прошета во овој едноставен но совршен стајлинг.

Завиткајте ги ракавите до лактите и откопчејте неколку копчиња со што на аутфитот ќе му дадете и лежерен и кул момент. За да го надополни својот изглед таа се одлучи за бели патики и мачкасти наочари кои сјајно се надоврзаа на целата комбинација.

Овој стајлинг неодоливо не потсети на стајлингот на Кери Бредшо од серијата Сексот и градот.