9.8 C
Скопје
02:28 - 25 октомври, 2026

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Поминаа 10 години од монструозното убиство на српската пејачка Јелена Марјановиќ, а ниту денес не се знае кој го извршил убиството, како ниту кој бил мотивот.

Сопругот на Јелена, Зоран Марјановиќ, првостепено беше обвинет и осуден на 40 години затвор, но по 14 месеци затвор, тој беше ослободен во 2023 година. Апелациониот суд соопшто дека изречената пресуда и дадените причини се нејасни и неразбирливи. Нему и понатаму му се суди.

Иако помина толку време, убиството на Јелена Марјановиќ е сè уште еден од најследените и најконтроверзни случаи во поновата српска историја.

Да потсетиме, Зоран Марјановиќ исчезнувањето на својата сопруга го пријавил на 2 април пред 20:00 часот, тврдејќи дека таа исчезнала додека тој бил со нивната тогаш петгодишна ќерка. Следувала обемна потрага во која учествувале полицијата, жандармеријата и граѓаните.

Потрагата трагично била завршена следниот ден, 3 април, кога телото на Јелена било пронајдено во канал полн со вода, недалеку од местото каде што наводно последен пат била видена. Прво бил пронајден мобилниот телефон на Јелена, а потоа и нејзиното тело.

Според зборовите на нејзиниот сопруг, Јелена Марјановиќ тргнала на трчање, а тој по извесно време, колку што ѝ требало да се оддалечи, тргнал по неа. Во меѓувреме, тој си играл со ќерката, а кога тргнале да се сретнат со Јелена, неа ја немало. Ја барал на насипот, но не успеал да ја пронајде.

Нејзиното тело било пронајдено следниот ден во каналот покрај насипот, а со обдукцијата било утврдено дека смртта настапила по неколку удари во главата со тап предмет, најверојатно со чекан. Исто така, било утврдено дека Јелена е убиена на 2 април помеѓу 16:30 и 17:00 часот.

 

Слични објави

(Фото) Синот на Брена тргна на пат со девојката: Фотографијата од лифтот привлече внимание, сите гледаат што има на рамото

Еспресо

(Фото) Карлеуша од глава до пети во „Гучи“, од вкупната цифра ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо
Се вчитува....