12:24 - 29 ноември, 2026

Бен Афлек повторно се враќа во улогата на Бетмен!

Бен Афлек повторно ќе се појави во улогата на суперхеројот Бетмен во најновото продлжение на блокбастер серијалот „Бетмен“ со оригинален наслов „Флеш“.

Афлек последен пат ја играше улогата на Брус Вејн во „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“, и доби еднаков број на позитивни и негативни критики за неговиот перформанс.

фото: Профимедиа

Сепак Бен го потпишал проектот на „Ди-Си комикс“ откако го добил сценариото минатата недела, пренесуваат од „Венити феар“.

Енди Машети, режисерот на филмот смета дека актерот е совршен за мажествениот, но сепак ранлив лик кој треба да се појави во филмот. „Тој знае како да го долови карактерот на ликот кој го глуми“, изјавил режисерот за списанието „Венити феар“.

„Неговиот Бетмен има дихотомија која е многу силна, а тоа е неговата машкост – поради начинот на кој тој изгледа и импозантната фигура што ја има, а сепак е и многу ранлив“, додава Енди Машети.

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....