11.8 C
Скопје
03:18 - 30 септември, 2026

Баба Ванѓа ѝ предвидела се на Лепа Брена! Пејачката два пати била да ја посети, а ја ангажирала и бугарската влада

Фахрета Живојиновиќ, позната како Лепа Брена, вели дека Баба Ванѓа и ги предвидела најбитните работи во животот, како ќе се венча и како ќе живее.

Фолк-пејачката раскажала како изгледала средбата со прочуената пророчица, што таа и предвидела, а што од тоа станало вистинито.

Instagram

„Два пати бев кај баба Ванѓа. Ми рече дека ќе се омажам за човек кој носи бела униформа. Не ми ни падна на памет тенисер, мислев дека тоа ќе биде доктор или пекар. Се тоа ми се чинеше несериозно, бидејќи во тоа време не ни размислував за венчавка“.

Instagram

Баба Ванѓа на некој начин ѝ открила на пејачката дека ќе ја поседува „Гранд“ продукцијата. Таа ѝ рекла дека ќе поседува куќа полна со музичари и дека со нив ќе работи.

Во врска со семејството, таа и открила дека ќе роди само синови, при што пејачката се разочарала дека ќе нема ќерка. Брена била среќна кога пророко ти открил дека таа ќе патува додека е жива, ќе биде здрава и многу популарна.

Instagram

На прашањето како дошла до пророчицата, пејачката одговорила:

„Саша Поповиќ и јас, заедно отидовме кај неа. Таа беше слепа жена и до неа можеше да се дојде само преку бугарската влада. Ванѓа во тоа време знаеше за мене, дури во својата книга напиша и дел за мене. Таа напиша дека една висока жена и убава жена, сребрено-руса коса, ќе слета од небото и бугарите ќе ја сакаат како никој досега што сакале. Тоа ми звучеше потполно апстракно и невозможно, бидејќи не бев личност која верува во таквите предвидувања. Меѓутоа, кога подоцна работите станаа вистина, сфатив дека таа е најголемата балканска пророчица. Дури и ден денес и палам свеќа и се присетувам на нејзините зборови. Многу сум ѝ благодарна“.

Познатата пејачка исто така изјавила дека никогаш немала желба да се насочи кон пороците, а и дека е среќна за нејзиниот син Стефан, што исто така тргна по нејзините стапки и дека тоа е целосно негова одлука.

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....