19.8 C
Скопје
16:45 - 26 април, 2024

АНЏЕЛИНА ЏОЛИ сака да создаде лажна слика пред јавноста: Зад затворени врати, таа е УЖАСНА МАЈКА!

Познатата глумица веќе долго време се обидува да се претстави како супермајка, која и покрај своите секојдневни обврски успева да се грижи за своите шест деца и да ги воспитува на начин својствен за неа кој, како што таа тврди, е правилен и позитивно влијае на нивното созревање и раснење.

Сепак, ова идеално самохрано родителство го демантирала една од дадилките која со семејството поминувала скоро 24 часа дневно, седум дена неделно.

„Таа е мајка која е мноигу отсутна поради секојдневните проблеми и кариерата, не стигнува да им се посвети на децата и тоа е рецепт за пропаст“, признала дадилката во ексклузивно интервју за магазинот ОК.

Таа додала дека Анџелина не може да ги смири своите деца и дека тие се целосно надвор од контрола, прават што сакаат и не слушаат никого.

„Сосема се збеснати и надвор од контрола“, рекла дадилката, додавајќи дека некаков ред и мир постоел сè до разводот со Бред Пит во 2016 година.

„Анџелина мисли дека е кул мајка бидејќи кон нив се однесува како кон возрасни луѓе. Но на децата понекогаш им е потребен прекор за да знаат да го разликуваат правилното од погрешното. Анџелина создава повеќе проблеми отколку што им прави добро“, објаснила дадилката.

Instagram

И додека Анџелина изгледа како мајка на годината пред камерите, работите се наводно сосема поинакви зад затворени врати.

„Склона е кон алкохол и скоро секоја вечер отвора шише со вино, а некогаш и повеќе“, признала дадилката, додавајќи дека иако нејзините најстари деца се далеку под границата кога легално смеат да пијат, Анџелина повремено им дозволува да испијат една или две чаши.

Земајќи го предвид фактот што Анџелина во борбата за старателство на суд го обвинила Бред Пит дека е алкохоличар, дадилката нејзиниот потег го смета за крајно лицемерен.

Проблемите тука не престануваат.

Instagram

Џоли наводно често поради работата мора да гледа насилни или сексуални видеа, а не се стега да им ги покаже на децата или да ги гледа заедно со нив, што не било случај додека Бред живеел со нив.

„Често навечер излегува и ги остава децата сами без никој возрасен. Скоро ги оставила сами на повеќе од 10 часа во текот на ноќта додека го снимала новиот филм“, додава дадилката.

Слични објави

(Фото) Нина Бадриќ беше во брак со хрватски милионер: Сега е оженет со оваа убавица и имаат две деца

Еспресо

(Фото) Корсет, црвен кармин и брутална линија! Се појавија фотографии од роденденот на Јована Јоксимовиќ

Еспресо

Хана Хуљиќ проговори за љубовта со Петар Грашо и нивната ќерка Алба: Уживам во секој момент

Еспресо

Не е добра ситуацијата: Плановите за погреб на кралот Чарлс Трети постојано се ажурираат

еспресо

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо
Се вчитува....