12:58 - 4 април, 2026

Анџелина Џоли не сака да биде пријателка со Пит: „Тој ми го преврте животот наопаку!“

Актерката Анџелина Џоли (44) се разведе од сопругот Бред Пит (55) во септември 2016 година, а и покрај тоа што проминаа 3 години од разводот, Џоли и понатаму не сака да има пријателски односи со популарниот актер. Добитничката на Оскар, кон Бред чувствува горчина, бидејќи смета дека животот на нивните шест деца се свртел наопаку.

Наводно Анџелина на почетокот не сакала да се омажи за Бред, а после разводот одлучила дека веќе никогаш не сака да се венча.

Profimedia

„Анџелина и понатаму е огорчена поради Бред. Сака да преземе одговорност, бидејќи ѝ го превртел целиот живот. И нејзе и на децата“, изјавил извор за UsWeekly. Актерката моментално снима филм во Шпанија, а неодамна изјави дека би сакала да живее во странство, но не може да се отсели поради поранешниот сопруг.

Twitter

„Разводот беше навистина комплициран. Пред крајот на мојата врска со Бред не можев да се препознаам, како да изгубив дел од себе… станав помала, небитна, иако тоа не го покажував“, изјавила актерката и додала дека искрено била повредена. Поранешниот пар има 6 деца – синовите Медокс (18), Пакс (15) и Нокс (11), и ќерките Захара (14), Шило (13) и Вивиен (11).

Слични објави

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.
Се вчитува....