22:04 - 9 ноември, 2026

АКОН МЕТА НА КРИТИКИ ПО НЕГОВАТА ИЗЈАВА: Животот е потежок за богатите

акон

Популарниот американски пејач Акон пред еден месец, по смртта на актерот Мајкл К. Вилијамс, вознемири многумина со својата изјава за животот на богатите.

Актерот Вилијамс беше најпознат по улогата на Омар во хит серијата „The Wire“, а во приватниот живот бил добар пријател со Акон. Актерот наводно починал како резултат на предозирање со дрога.

СЕ ПРЕДОЗИРАЛ: Глумецот Мајкл К. Вилијамс најден мртов во својот стан

По повод овој трагичен настан, 48-годишниот Акон коментираше дека Вилијамс е само уште еден во низата успешни луѓе што се кријат зад „фасадата на успехот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AKON (@akon)

„Познатите и богатите луѓе поминуваат низ повеќе проблеми отколку сиромашните луѓе. Колку повеќе пари, толку повеќе проблеми“, истакна тој.

Тој неодамна повтори дека нема намера да го промени својот став, иако знае дека ги налутил луѓето со таквата изјава. Пејачот тврди дека зборува од сопствено искуство и дека бил посреќен пред да се збогати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AKON (@akon)

Во слична насока, тој го додаде овој опис на една од неговите објави на „Инстаграм“: „Будалата сонува за богатство. Мудар човек сонува за среќа!“.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....