21:54 - 9 ноември, 2026

ОТКРИЈА ДЕЛ ОД ПРИВАТНОСТА: Џорџ Клуни како потрчко, Амал Клуни како кралица

За време на премиерата на филмот „The Tender Bar“, славната двојка Клуни проговоре за нивниот приватен живот за време на карантинот, а Амал откри дека Џорџ во тоа време ги учел шеги нивните близнаци.

Џорџ Клуни и Амал Аламудин го поминаа карантинскиот период со близнаците Ела и Александар (4) во нивната вила во Соединетите држави. На 3 октомври, за време на премиерата на The Tender Bar,  филм што го режираше Џорџ Клуни, парот се појави на црвениот тепих, и открија дел од нивниот приватен живот.

Претходно, актерот откри делче од неговиот живот во интервју за списанието W,  објаснувајќи го своето ново хоби: „Моето ново хоби се простирање алишта и миење садови цел ден“, но откри и дека за време на карантинот изигрувал фризер, потсрижувајќи си ја сам косата и косата на близнаците.

За време пак, на премиерата на филмот, Амал рече: „Во моментов тој (Џорџ, н.з) главно ги учи децата на шеги и постојано ги забавува“, а глумецот додаде: „Па, мислам дека оваа професија може да ми се исплати со текот на времето“.

Кога ќе се склопи целата слика од изјавите на Амал и Џорџ Клуни дадени во последно време, се добива впечаток дека глумецот постојано работи по дома, а адвокатката ужива како кралица. 

Инаку, во филмот The Tender Bar, каде се потпишува како режисер, глуми заедно со неговиот пријател и колега Бред Пит.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....