15:08 - 8 ноември, 2026

Ацо Пејовиќ се опијанил и завршил во туѓа куќа: „Утрото кога се разбудив, жена ме пречека со појадок во кревет“

Српскиот пејач Ацо Пејовиќ проговори за најлошото пијанство, кое завршило во куќата на непознати лица.

„Се разбудив во туѓа куќа (се смее). Никогаш не сум зборувал за тоа… Со школски другар. Имаше бомбардирање на нашата земја, потоа отидов со моите пријатели и доброволно се пријавив да бидам во армијата што ја брани мојата земја. Бевме во некои планини… Знаете кога ги поминувате деновите во шума, не знаевме што да правиме навечер. Се запивме ракија и… Испивме многу. Сабајлето, јас и тој се разбудивме, покриени со ќебиња, во стари кревети во некоја камена куќа… Беше страшно, со главоболка. Таа прекрасна госпоѓа, беа постари, прекрасни луѓе, ни донесе топла пита со ладно кисело млеко“, изјави фолкерот во емизијата „амиџи шоу“.

Да потсетиме, пејачот Ацо Пејовиќ за „Блиц“ зборуваше за својот нов албум, кариерата, ќерките, но се осврна и на гласините кои кружеа дека и бил неверен на сопругата Билјана.

Ужива во среќен брак со сопругата Билјана

Ацо Пејовиќ ужива во хармоничен брак со сопругата Билјана, со која има три ќерки – Магдалена, Марија и Ива. Како што вели, тие му се најголемата потпора во животот.

„Мојата сопруга е мојата сила, мојата поддршка за сè во животот. Каков и да сум, вака или онака – копиле, таа е покрај мене. Поминавме толку многу заедно“, изјави тој.

Ацо Пејовиќ се опијанил и завршил во туѓа куќа: „Утрото кога се разбудив, жена ме пречека со појадок во кревет“

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....