14.8 C
Скопје
09:19 - 17 мај, 2024

ЖЕНИТЕ ОТКРИВААТ: Вака изгледа лош секс

Што всушност е лош секс? Сето тоа варира од личност до личност. Ретко кој има совршен секс со нова личност веднаш, уште првиот пат. Потребно е време да се запознаете со нечие тело и да видите на што реагира а во што ужива. А исто така е потребно и време некој да се запознае со вашето, пренесува „cdm“.

А додека тоа не се случи, можеби и лошиот секс бил на вашето мени.

ДАЛИ ВАГИНАТА СЕ ПРОШИРУВА ОД МНОГУ СЕКС? Гинеколог ја решава дилемата

Еве како жените го опишуваат лошиот секс:

Секс со бормашина

– Имав чувство дека имам секс со пневматска дупчалка. Бодеше како да се обидува да собори рекорд. Го знаете тој секс, како во порно филмовите. Кога му реков да забави малку, сексот стануваше подобар. Секогаш велам: Со вежбање до совршенство.

Чекај, дали е готово?

– Најлошиот секс што го имав беше со супер згоден дечко што го запознав во теретана. Флертувавме со недели и по некое време конечно излеговме на состанок, па уште еден, и уште еден… Дечкото беше супер забавен и духовит, но секс… Ау! Срам ми е да зборувам за тоа. Тој дури и не влезе во мене, а беше готов. Предиграта траеше подолго и си помислив „Конечно момче што знае колку е важна предиграта“. Но наеднаш стенкање, грчеви, гримаси… Чекај, тоа е тоа!? И додека се обидував да бидам „кул“ во врска со тоа, тој повеќе не можеше да ме погледне. Никогаш не ми се јави. И ништо, ја сменив теретаната.

НАЈГОЛЕМИ ЛАГИ ЗА СЕКСОТ: Мажот е секогаш подготвен за секс, сексуалниот живот на жената завршува со менопаузата?!

Како да излегов од бањата

– Нормално е луѓето да се потат, но тоа што го доживеав не беше нормално. Капеше од него. Кога завршивме, бев натопена како да сум излегла од туш.

Каде одиш?

– Добро, малку зборување за време на секс е добредојдено, но човече, не мора да ми кажуваш што си јадел на работа и потоа да имаш монолог за моите цврсти гради. Сексот беше добар, но не можев целосно да уживам во него бидејќи тој не се посвети. Па дури и кога ноншалантно му поминав со прстите преку неговите усни, момчето не замолчи.

Внесете малку оган во спалната соба: Тајната на неодоливиот стриптиз е во замислување на она што следува

Премногу се трудеше

-Можеби оваа поза, и оваа, дали ти одговара оваа, и претходната, и онаа од пред десет минути, дали уживаш, сакаш ли да успорам, да забрзам, дали сум груб, дали е премногу нежно… не ја достигнав кулминацијата.

Нема идеја

– Не е срамота да не знаеш, па човек учи додека е жив, но кога човек е полн со себе, а појма нема што прави, тогаш капаците веднаш ми паѓаат. Не само што не знаеше што прави таму доле, туку кога нежно сакав да го упатам на вистинскиот пат, тој стана арогантен. Неверојатно, тој знае сè. Најлошиот секс во животот дефинитивно.

КУЧЕШКА ПОЗА: Пет забавни варијации за уште поголемо задоволство

Слични објави

Астропрогноза за петок, 17 мај: Неочекувани средби за близнаците, непријатни озборувања за водолиите

еспресо

Универзумот ќе ги погали: Три хороскопски знаци ќе имаат среќа до крајот на мај

еспресо

Љубовната приказна на Бејби Лазања е како модерна бајка: „Мислев дека никогаш нема да ми се јави“

еспресо

(Фото) Пластичен хирург верува дека Том Круз се подложил на липосукција: „Добро направено“

еспресо

„Тоа не се мали пари…“: Се огласи директорот на хрватската болница во која Бејби Лазања сака да донира пари

Еспресо

„Од каде ѝ стан во Врачар, тоа е мое“: Се огласи Миша Гроф откако Николина Пишек најави дека ќе му дојде на врата со полиција

Еспресо
Се вчитува....