-0.2 C
Скопје
05:31 - 22 ноември, 2024

ЗАПОМНЕТЕ: Интимноста е поважна од сексот! Еве зошто…

Многумина не ја разбираат разликата помеѓу интимноста и сексот. Повеќето луѓе ги користат овие два збора како синоними, но тоа не е така. Погледнете неколку работи за интимноста кои е добро да ги знаете.

1. Интимноста не е физичка

Сексот е физичка манифестација на љубовта, но интимноста е нешто сосем различно. Интимноста е заснована на емоциите и таа е моќен ментален процес. Таа е комплексна и е многу тешко да се научи. Интимноста е ментална и емоционална состојба до која се развиваат само малку врски. Покрај тоа, лесно можете да опишете и да дефинирате што значи сексот, но тоа е речиси невозможно за интимноста. Не постои дефиниција бидејќи таа е различна за секого.

2. Интимноста не е очајна

Сексот многу често е опишан како потреба или нагон. Ова го прави да изгледа како активност за која луѓето се очајни. Но, интимноста не е таква. Таа е мирна и тивка и не бара никакво делување. Таа не брза. Кога сте интимни со некого вие си давате време. Ова значи дека вистинската интимност не е брзање за да постигнете „нешто“. Вистинската интимност е доволна, целосна и исполнувачка сама по себе.

3. Интимноста бара разбирање

Сексот бара многу – флексибилност, издржливост, контрола над телото и многу други работи. Сите нешта кои се потребни за добар секс се поврзани со физичката или телесната врска помеѓу двајца. Но, интимноста не е телесна и она што е потребно за неа е длабоко и заемно разбирање на партнерите. Токму поради ова и еден обичен разговор може да се смета за интимен.

4. Интимноста обезбедува рамнотежа и хармонија

Поради сексот можете да ја изгубите вашата рамнотежа, а оваа рамнотежа може да биде емоционална или духовна. Сексот може да ја наруши рамнотежата одреден период, а потоа може и да ја врати. Но кај интимноста најважна е рамнотежата. Таа значи одржување на хармонијата и мирот. Таа значи да се чувствувате мирно и безбедно. Исто така, интимноста нема ништо заедничко со судењето, а токму тоа ја прави толку убаво чувство.

5. Интимноста не е толку честа

Постојат многу луѓе кои редовно уживаат во сексот, но малку се оние кои ја разбираат или кои ја почувствувале интимноста. Таа не е толку честа, а причината за ова е најверојатно нејзината комплексност. Она што паровите не го разбираат е дека сексот не го нуди задоволството кое го нуди интимноста, па поради тоа не се грижат многу за неа.

6. Интимноста е поврзана со вашите емоции

Интимноста зависи од вашата емоционална поврзаност со партнерот. Таа исто така зависи од тоа колку вашата емоционална поврзаност ја надминува физичката. Со други зборови, за да бидете навистина интимни потребно е и двајцата да ја чувствувате длабоката емоционална поврзаност. Потребно е да можете да комуницирате со вашите емоции. Концептот комуницирање со емоциите е навистина тежок, бидејќи многу парови имаат проблем и со обичната, вербална комуникација.

Сексот е одличен во љубовта, но интимноста е вистинскиот божествен дел од секоја врска. Врските се многу посреќни и поздрави ако партнерите знаат како да бидат интимни еден со друг. Интимноста им помага заедно да созреваат, но и да бидат задоволни од своите индивидуални животи.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....