6.8 C
Скопје
00:58 - 19 октомври, 2026

СУПЕР ТРИК: Како брзо и лесно да се ослободите од непријатните дамки и мирисu „вовлечени“ во облеката

алишта

Има ли нешто полошо од тоа да имате грди дамки на вашата омилена кошула или маица и ќе вдишете мирис на пот? Ако и вие се борите со овие тврдокорни дамки, еве еден одличен совет што треба да го пробате.

Познато е дека одредени дамки и мириси се прилично отпорни на вообичаените методи на перење, така што е потребно повеќе напор за истите да исчезнат.

Меѓу нив секако има и траги предизвикани од потење под пазувите, што дури може да влијаат на промената на бојата, а непријатниот мирис за жал не исчезнува толку лесно и по перењето.

алишта

Некои мириси всушност можат многу лесно да се вовлечат во некои ткаенини, како на пример кај кошулите. Непријатниот мирис се појавува поради дезодорансот измешан со пот и маснотии од нашата кожа, поради што некои алишта, иако испрани, бараат дополнително чистење.

За да се ослободите од проблемите со мирисот, прво треба да се ослободите од дамките.

Направете густа смеса од сода бикарбона и вода и нанесете ја на дамката која претходно сте ја натопиле во вода. Прелијте ја со една лажица оцет и веднаш ќе ја видите реакцијата, местото со дамката ќе почне да се пени. Потоа оставете ја да се исуши, нежно исчеткајте го местото и потоа ставете во машина за перење.

алишта

Се разбира, потта не е единствениот мирис што може да остане на вашата облека по перењето.

Остатоците од урината од домашни миленици исто така оставаат тврдоглави мириси, но користењето детергент со интензивен мирис во овој случај нема да помогне. Најдобро е да користите мешавина од оцет и вода и да ја оставите облеката во овој раствор околу 30 минути.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....