12.8 C
Скопје
11:50 - 19 април, 2024

„Тој е Селин Дион и Андреа Бочели во едно тело“: Филипинец го отпеа дуетот и jа воодушеви Америка (ВИДЕО)

Во најпопуларното телевизиско музичко натпреварување на светот, пејач од Филипините покажа дека сам може да отпее дует.

Станува збор за 35 – годишниот Марселито Помој, кој ја крена на нозе публиката за време на настапот во „Америка има талент: Шампиони“, новата верзија на популарното музичко натпреварување во кое учествуваат победниците и натпреварувачи од претходните сезони од целиот свет.

Помој победи во 2011 година во филипинската верзија на ова натпреварување, а зад себе веќе има два објавени студиски албуми.

Во натпреварувањето се врати на големата врата, ја отпеа симфониската балада „The Prayer“, која во оригинал ја изведуваат Селин Дион и Андреа Бочели.

На сцената му се придружи и сопругата поради емотивна поддршка, додека жирито сега го сочинува познатата четворка – Сајмон Кауел, Хајди Клум, Елиша Диксон и Хауи Мендел.

Иако Помој беше видно нервозен на сцената, Сајмон одлучно потврди дека ќе биде победник на сезоната, на воодушевување на публиката.

Музиката започна, а вештината која ја демонстрираше Помој при пеењето покажа дека тој е несекојдневен вокал.

Филипинецот започна да го пее делот на Селин Дион со истенчен сопран, а потоа на изненадување на сите и како без мака, се префрли на длабокиот тенор на Андреа Бочели.

Како течеше песната, Помој продолжуваше да се префрла од еден глас во друг, поради што заслужено доби громогласни овации.

Жирито, како и публиката, беа видно воодушевени од овој соло/дует, а Сајмон призна дека за него ваквиот настап е чиста 10 – ка.

-Господе! Ова беше многу единствено! Ти си еден преубав, неверојатен пејач во кој е заробена млада жена – се воодушеви Хауи Мендел, додека Елиша Диксон истакна дека сакала да слушне нешто поинакво и посебно, а дека Помој сега тоа и го овозможил.

-Во потполност беше брилијантен – рече Елиша.

Иако Помој не го заработи т.н. „златен тастер“, кој би го телепортирал директно во финалето, тој помина во следната фаза од ова натпреварување благодарение на гласовите на публиката.

View this post on Instagram

CELINE DION!!!! ????

A post shared by Marcelito Pomoy (@marcelitopomoy8) on

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....