11.8 C
Скопје
21:29 - 20 октомври, 2026

Вежба за совршен задник: Резултатите се видливи за брзо време (ВИДЕО)

Постојат четири главни вежби за нозе кои секој спортист или фитнес-тренер би требало да ги знае и да ги прави. Трите се многу популарни, се работи за склекови, стомачни вежби и склекови со подигната нога. Но четвртата вежба, која можеби и не е толку честа, а е многу важна, е потисок на колкот, пренесува Стак.

Оваа вежба е наменета за подобрување на силата и брзината, а всушност се работи за продолжување на зглобовите на колковите. Брзината и силата на изведувањето на останатите вежби, па дури и обичното одење ви е загрозено ако споменатите мускули не ви се развиени. Поради тоа, изведувањето на овие вежби ќе резултира со подобро изведување на склекови и стомачни вежби и подобра подвижност.

Како се изведува?

Сè што ви е потребно е ниска клупа, тегови или еластична лента за изведување на вежбата.
При изведувањето, погледот свртете го напред. Горниот дел на рамењата потпрете го на клупата. Со нозете заземете цврста положба за да можете да се потпрете на нив со сигурност. Еластичната лента или шипка со тегови мора да биде позиционирана на горниот дел на бутовите, непосредно под препоните. Како и секоја вежба, постојат грешки кои многумина ги прават и со тоа ја намалуваат ефикасноста. При изведувањето на оваа вежба важно е:

– рамената да не ги подигнувате премногу на клупата;
– нозете да не ги оддалечувате премногу од клупата што можеби ќе доведе до тоа да се слизнете при дигањето на телото или теговите;
– нозете да не ги приближувате премногу кон клупата, што би ве спречило во правилното изведување на вежбата.

Profimedia

Предност на вежбата

Ова е одлична вежба за сите оние кои се обидуваат да го зголемат својот задник или да го зацврстат.

Освен благодетот за телото кое го донесува редовното изведување на вежбата, таа е одлична и како загревање или истегнување пред или после тренингот.

Поради фактот дека многу луѓе работат, но и слободното време го поминуваат седејќи, вежбата е одлична да се размрдаат мускулите на колковите.

Изведувањето на вежбата помага во зајакнување на задниот кинетички ланец, поради што ќе ги намалете шансите за повреди.

Слични објави

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.
Се вчитува....