18:57 - 7 ноември, 2026

Славчо Попоски најавува освежување на времето, еве од кој ден

– Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Сепак во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за повторна појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени, но поради релативно високата влажност во воздухот истите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10. И во Скопје и околината и понатаму во следниот период ќе биде МНОГУ ТОПЛО. Сепак во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност а температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 35 и 36 степени.
Освежување на времето и пад на температурите се очекува од 8 јули па натаму, но околу ова детални информации следуваат понатаму во следните неколку денови.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....